Seyit Şamil Kurt
09 Октомври 2026•Ажурирано: 09 Октомври 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека меѓународните договори сè повеќе се игнорираат, а пресудите на меѓународните судови не се спроведуваат, јавува Анадолу.
„Меѓународните договори ја изгубија својата ефективност. Исто така, одлуките донесени од меѓународните судови повеќе не се спроведуваат“, рече Ердоган на Меѓународниот самит за правда во Истанбул.
Ердоган го критикуваше сегашниот меѓународен систем, велејќи дека системот на Обединетите нации не може да се смета за „легитимен и правичен“ ако не ја одразува волјата на меѓународната заедница.
Осврнувајќи се на Газа, турскиот претседател рече дека енклавата е претворена во „најголем концентрационен логор во светот“ од страна на „арогантна, крволочна, геноцидна мрежа“ што себеси се смета над меѓународното право.