Ikrame Imane Kouachi
30 Септември 2026•Ажурирано: 30 Септември 2026
Најмалку четири лица, меѓу кои и припадник на либанската Армија, беа повредени денес во израелски напад врз воено возило во јужен Либан, соопштија официјални извори, јавува Анадолу.
Либанската Армија во соопштение наведе дека војникот се здобил со тешки повреди во нападот врз воено возило во областа Набатије ал-Фаука во јужен Либан.
Во инцидентот биле повредени и тројца цивили, се додава во соопштението.
Израелските напади врз Либан се случија и покрај тоа што двете страни на 26 јуни потпишаа рамковен договор со посредство на САД.
Договорот предвидува постепено повлекување на израелските сили од либанска територија и распоредување на либанската Армија во областите од кои тие ќе се повлечат.
Според либанските власти, во израелските напади од 2 март досега загинале најмалку 4.386 лица, 12.407 биле повредени, а повеќе од еден милион луѓе биле раселени.