Necva Taştan Sevinç
28 Септември 2026•Ажурирано: 28 Септември 2026
Три лица загинаа денес кога чамец при обид да го премине Ла Манш во Велика Британија се превртил кај францускиот брег, соопштија локалните власти, пренесува Анадолу.
Чамецот се превртил кај Висан во францускиот регион Па-де-Кале, соопшти префектурата, јави француската телевизија БФМТВ.
Властите соопштија дека сè уште ги проценуваат жртвите и предупредија дека нивниот број може да се смени. Се очекува префектурата да даде дополнителни детали на брифингот во текот на денот.