„Целиот свет се спротивставува на преместувањето на американската амбасада во Ерусалим"
„Тоа ќе биде огромна грешка. Во регионот наместо мир и стабилност да се донесе хаос. Ставот на Турција е јасен. На таквиот потег не му се противи само исламскиот свет, туку светот во целина"
Şerife Çetin
06 Декември 2017•Ажурирано: 06 Декември 2017
Brisel
БРИСЕЛ (AA) - Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу денеска во Брисел изјави дека преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим би довело до хаос на Блискиот исток, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа ќе биде огромна грешка. Во регионот наместо мир и стабилност да се донесе хаос. Ставот на Турција е јасен. На таквиот потег не му се противи само исламскиот свет, туку светот во целина. Тоа и претходно му го кажав на државниот секретар на САД, Тилерсон, тоа и ќе го повторам на денешниот состанок", рече Чавушоглу.
„Целиот свет се противи на преместувањето на амбасадата на САД во Ерусалим"